24-годишниот Џејмс Холмс облечен како Џокерот од Бетмен,кој на премиерата во Колорадо изврши масакр, убивајќи 12, а повредувајќи 58 лица, воопшто не се сеќава дека го сторил тоа.
Холмс се жали на затворската храна. Вели дека од неа има болки во стомакот, а на чуварот му рекол дека не знае зошто е во затвор.
„Никој не му верува дека не се сеќава на ништо. Сите мислиме дека нешто глуми, за да може да се извади пред поротата“, вели чуварот.
На првото рочиште, убиецот се однесува како да е збунет и не зборува речиси ништо.