Филаделфија го порази Бостон и се избори за седми натпревар во полуфиналето на Истокот. Го искористија домашниот терен забележа победа од 82:75.
Екипата ја предводеше Џру Холидеј со 20 поени, Елтон Бренд имаше двоен ефект од 13 поени и 12 скока, Игуодала и Тарнер уфрлија по 12, а Вилијамс 11 поени.
Најпрецизен играч на Бостон беше Пол Пирс со 24 поени. Поголем дел од поените Пирс ги постигна од линијата за слободни фрлања, каде беше непогрешлив (13-13).
„Тоа е она што го посакувавме, да се избориме за седми натпревар, останува да видиме што ќе се случи во Бостон“, изјави тренерот на Филаделфија Даг Колинс.
Мечот во Филаделфија го одбележа и враќањето на Алан Ајверсон, кој натпреварот го следеше од ВИП ложата. Илјадници навивачи го носеа дресот со бројот три и викаа „MVP“.