Силна бура го погоди североисточниот дел на САД во која загина најмалку едно лице.
Силните ветрови предизвикаа дефект на електричните инсталации, поради што илјадници луѓе останаа без електрична енергија.
Според координаторот за вонредни ситуации во округот Потер, Глен Дан една жена загинала во пенсилванија кога врз нејзиниот автомобил паднало дрво додека се обидувала да дојде до засолниште.
Опасноста поради невремето би можела да трае неколку часа, а Националниот метеоролошки завод издаде предупредувања за Делавер, Мериленд, Њу Џерси, Вирџинија и Арканзас.