Мистериозно чудовиште, наречено „чудовиште од Менхетен“, со унаказено лице, исфрлена муцка и со пет ножни прсти со сите екстремитети, пронајдено е под Бруклинскиот мост.
Фотографот аматер Денис Гинли го фотографираше телото на мистериозното суштество, а фотографиите покренаа низа теории на завера за тоа за што всушност се работи.
Од друга страна, претставници на градот тврдат дека во прашање е тело на свиња.
„Тоа беше леш на испечена свиња и ние го уништивме. Не гледавме дали има прсти или не, само го уништивме“, стои во соопштението.
Меѓутоа, бројни теоретичари на завера тврдат дека кога одблизу ќе се погледне, суштеството воопшто не личи на свиња или на било што слично.