Одложен изборот на новата српска влада за денеска попладне

Од:

Српскиот парламент дури денеска ќе гласа за предложениот кабинет од страна на премиерот Ивица Дачиќ и за владината програма, соопштија агенциите, повикувајќи се на парламентарни извори.

Вчера почнатото заседание на парламентот траеше до раните утрински часови.

„Ќе работиме додека не се исцрпи времето за искажување на сите ставови и ќе гласаме денеска попладне“, изјави Млаѓан Динкиќ, кој е предложен за министер за економија и финансии.

Расправата за составот на новата влада почна со пет часа задоцнување и времето беше продолжено заради мноштвото процедурални проблеми.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија