Сијарто: Естонскиот министер за надворешни работи меѓу најфанатичните провоени гласови

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Маргус Чакна е „еден од најфанатичните провоени гласови“ во врска со повикот на естонскиот министер за надворешни работи да го суспендира правото на глас на Унгарија во ЕУ.

„Ја читам изјавата на естонскиот министер за надворешни работи Маргус Чакна за Унгарија. Факт е дека тој е еден од најфанатичните и најпровоени политичари во Европа, кој по секоја цена сака да ја продолжи војната во Украина, а во исто време ги нагласува опасностите што тоа ги носи“, напиша Сјарто на Фејсбук.

Чакна во саботата рече дека Будимпешта „игра во тимот на рускиот претседател Владимир Путин“ и може да го блокира продолжувањето на антируските санкции.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Нема да ја оставиме Србија без енергетски ресурси

Сијарто испраќа мрачно предупредување до Европа

Сијарто ги повикува лидерите на ЕУ да не ги попречуваат напорите на САД за мир во Украина

Ќе ги блокираме сите одлуки на ЕУ насочени кон ескалација на вооружениот конфликт во Украина, вели Сијарто

Сијарто е дециден: Трамп е единствената надеж за мир

САД не се откажуваат од самит со Русија: Сијарто потврди дека разговорите се во тек