Дачиќ: Србија нема никогаш да го признае Косово

Од:

Србија нема да го признае Косово никогаш.Сигурноста на србите на Косово мора да е осигурана. Подготвени сме на соработка со сите земји за демократија и развој.

Се залагаме за безбедност и стабилност, сите отворени прашања на Балканот мора да се решат на мирен начин. Да престанеме да се враќаме назад, да работиме за иднината“, рече во своето експозе мандатарот за новата српска Влада, Ивица Дачиќ.

Тој рече дека основна цел на новата влада е да ги зацврсти темелите на Србија, и дека во остварување на таа цел ќе ги собере и обедини најголемите умови.

Вети дека ќе се обеди да ја победи апатијата и дека ќе обезбеди подобра иднина, дека нема да се навраќа на поделбите, ниту на актуелните, ниту на оние од пред 20 години.

Како една од основните задачи ја истакна борбата против „белата куга“ и подигање на наталитетот и борба против корупцијата.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија