Бата Живојиновиќ: Ни митралез ништо не ми може

Од:

„Нели ви реков дека ќе се извлечам. Ни митралез ништо не ми може. Кога ќе ви каже Бата, така е!

Вака актерот кој секогаш преживуваше во филмовите, низ смеа испрати порака дека победи и во последната битка-мозочниот удар. Три недели по шлогот неговата состојба е стабилна, иако лекарите не му даваа многу шанси. Тој во понеделник излегува од болницата во Белград.

„Поминаа три недели кои се сметаат за критични кај мозочниот удар. Тој е моментално добро, но се работи за хроничен болесник кој има и дијабетес и проблем со периферните артерии.

Успорени му се мислата и говорот, но е полн со дух и делува оптимистички“, изјави за српски Блиц , директорот на болницата Свети Сава во Белград.

Здравствената состојба на Бата Живојиновиќ ги загрижила и Кинезите, така што за познатиот Валтер имало многу посети во српската амбасада во Пекинг каде што луѓето носеле писма и слики за да му пренесат дека се молат за него.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ