Лавров: Сириската вооружена опозиција добива помош однадвор

Од:

Во Сирија од една страна вооружената опозиција добива помош однадвор, а од друга страна не може стане збор за хуманитарни акции, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ.

Тој додаде дека Русија не биле известена директно или преку претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации дека Арапската лига планира да се обрати до Собранието на Светската организација заради создавање на безбедни зони во Сирија.

Јеремиќ истакна дека мирното уредување на конфликтите со посредство на преговори ќе биде главна тема на српското претседателство на 67. сесија на Генералното собрание на ОН.

Тој изјави дека си заминува од оваа функција и оти ги гледа „прстите на судбината“ во тоа што последниот ден поминат како министер за надворешни работи го поминува во Москва.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот