Израел се стреми да го минимизира влијанието на новите американски тарифи – Трамп разговараше со Нетанјаху

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за новата тарифна политика на Соединетите држави, бидејќи Израел се обидува да го минимизира влијанието на новите американски царини од 17 отсто врз увозот на израелски стоки, изјавија денеска двајца високи израелски претставници за Ројтерс.

Официјални лица рекоа дека Трамп и Нетанјаху разговарале вчера, при што еден од нив рекол дека поголемиот дел од американските царини може да се решат.

Официјален претставник на израелското Министерство за финансии изјави во четвртокот дека најновите американски царини би можеле да влијаат на извозот на израелски машини и медицинска опрема.

САД се најблискиот сојузник на Израел и најголемиот трговски партнер, потсетува агенцијата.

Во вторникот Израел почна да ги отстранува преостанатите царини за американските стоки.

Двете земји потпишаа договор за слободна трговија пред 40 години и околу 98 отсто од американските стоки сега се увезуваат во Израел без царина.

Би можело да ве интересира

По четири години: Американски маринец ослободен од руски затвор во тешка состојба, Трамп му вети чизбургер

Нов ултиматум: „Имаат две опции“

Кушнер до Нетанјаху за Газа: „Самите ја саботирате идејата што ја побаравте“

Пиварница во САД вети бесплатно пиво кога ќе умре Трамп – ѝ ја одзедоа дозволата за работа

А1он

Трамп: Запомнете ја оваа глетка – тоа ќе бидеме ние за три години

А1он

Половина од Американците го поддржуваат апсењето на Нетанјаху