Куќички за продажба на стари книги покрај Вардар

Од:

Продавачите на стари книги и други публикации на кејот на Вардар наместо на импровизирани тезги како досега, изданијата ќе ги продаваат во дрвени куќички. Деветте унифицирани објекти на патеката кон „Холидеј ин“ имаат продажни пултови од по 1.80 м. на сите четири страни, подвижни капаци за затворање и осветлување.

За изнајмувањето корисниците ќе плаќаат месечен надомест од 500 денари, а договорот е склучен на една година. Тие се избрани на јавен оглас. Инвестицијата на Град Скопје е 4,5 милиони денари.

„По повеќе од 20 години градот Скопје го реши проблемот со дивите препродавачи на книги, односно несредениот начин на продавање стари книги. Им ги додели на луѓето што низа години тука продаваат импровизирано, што беше многу грда слика за градот. Сега тој ќе добие подобар изглед, зашто куќичките се специфични и направени со специјално идејно решение“, рече градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на промовирањето на куќичките.

Меѓу деветтемина продавачи е и Величко Трајковски-Гиго кој со препродавање книги се занимава 15 години откако останал без работа. Изјави дека има околу 30.000 книги што ги чува во подрум, од кои дел се негови, а многу ги набавил со откуп или од отпад. Меѓу раритетните што ги чува само за себе е 200 години старо издание од физичарот Лаплас, објавено во Париз.

На кејот на Вардар продава пет години, а претходно бил на плоштадот „Македонија“. – Луѓето доаѓаат, се интересираат, но почесто само гледаат зашто немаат пари, рече Трајковски, еден од деветте корисници на куќичките за стари книги.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен