Груевски: Обновената препорака признание за остварените резултати

Од:

Обновената препорака на ЕК за почеток на пристапни преговори претставува признание за остварените резултати во изминатата година и сработеното од страна на институциите, администрацијата, политичките и општествени чинители.

Република Македонија очекува дека и земјите членки во Советот на ЕУ ќе се раководат од овие аргументи, од заедничкиот интерес на Унијата и во декември, ќе донесат одлука за почеток на преговорите, изјави вечерва премиерот Никола Груевски на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Аиво Орав кој му го предаде Извештајот на ЕК за напредок на земјата за 2013 година.

– Република Македонија останува целосно подготвена да премине во следната фаза од пристапниот процес. Се согласуваме со констатација на Комисијата дека почетокот на преговорите не само што ќе го забрза консолидирањето на реформите и ќе ја зајакне меѓуетничката кохезија туку и ќе го зачува кредибилитетот на проширувањето на Унијата како мериторен процес базиран на цврста условеност, потенцира Груевски.

Што се однесува до добрососедските односи и регионалната соработка Груевски потенцира дека Комисијата отсекогаш ја препознавала и високо вреднувала конструктивната улога на Македонија во билатералните односи со соседните земји и активниот ангажман во регионалните иницијативи. Тоа е случај и со годинешниот извештај што потенцира е од исклучително значење за земјата.

– Владата на Република Македонија ќе продолжи проактивно да вложува во унапредување на односите и во градење мостови на соработка во регионот. Односите со соседните земји членки ни се особено важни. Сакаме да го изодиме патот до членството во ЕУ во соработка и активно користејќи ги нивните искуства. Затоа инициравме и ќе продолжиме да предлагаме со искрена волја мноштво конкретни активностии проекти за унапредување на взамената соработка и доверба, рече премиерот Груевски.

Во однос на наметнатите грчко-македонски разлики околу името тој повтори дека Македонија сака што поскоро да се реши спорот и оти патот до решение е преку владеење на правото и почитување на меѓународната правна рамка дефинирана од ОН и Меѓународниот суд на правдата.

– Сакаме да имаме проактивен и интензивен процес на највисоко политичко ниво. Одлагањето на решавањето на ова прашање не е од корист за никого, дециден е претседателот на Владата.

Според него од исклучително значење е грчко-македонските односи да се развиваат во духот на взаемно почитување, соработка и доверба и партнерство и подвлече дека отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Македонија може да придонесе за унапредување на односите меѓу двете земји и надминување на разликите. Тој ја повика Грција да го поддржи донесувањето одлука за Македонија на декемврискиот Европски совет и со тоа директно да придонесе за евроинтеграции на Балканот.

– Посакуваме нашата прва меѓувладина конференција за пристапните преговори да се одржи за време на грчкото претседателство со ЕУ, рече премиерот Никола Груевски.

Тој нагласи дека Извештајот темелнио ќе биде разгледан, а препораките ќе претставуваат патоказ за идните активности на Владата во пристапниот процес, пред се во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он