500.000 цивили загинале во Ирак

Од:

Околу половина милион цивили загинале во Ирак во периодот од почетокот на меѓународната интервенција во 2003, па до 2011 година, се наведува во истражување објавено во САД.

Со истражувањето, спроведено од универзитетски истражувачи од САД и Канада, во соработка со ирачкото Министерство за здравство, се опфатени не само жртвите кои загинале директно во конфликтот, туку и оние чија смрт е резултат на социјалните последици од војната, како на пример проблемите со здравствената заштита и со хигиената.

Најголемиот број од жртвите во Ирак се последица на директно насилство, но речиси една третина од случаите се резултат на индирекни фактори, како недостиг на медицински третман или прекин на транспортните или комуникациските врски, се посочува во истражувањето објавено во списаението „ПЛоС Mедисин“.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак