Во Јапонија падна снег многу порано од вообичаеното

Од:

На јапонскиот остров Хокаидо денеска падна снег, што претставува трет случај на снежни врнежи во овој период од годината во последните сто години. Во градовите Асахикава, Кусиро и во Обихиро снежната покривка изнесува десет сантиметри. Снегот го отежна движењето на градскиот транспорт.

Метеоролозите наведуваат дека раниот снег на Хокаидо е поради тајфунот Випха, кој денеска утрово стигна над островот. Снег во средината на октомври на Хокаидо досега паднал во 1892 и во 1910 година.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови