Николиќ: Хрватска не ја повлекува тужбата за геноцид

Од:

Хрватска се откажа од намерата за повлекувањето на тужбата за геноцид поднесена против Србија пред Судот во Хаг, изјави денеска српскиот претседател Томислав Николиќ по средбата со хрватскиот колега Иво Јосиповиќ во Белград. Николиќ истакна дека тое не е добро решение, бидејќи во Србија, а веројатно и во Хрватска, кога двајца соседи ќе се скараат за нивата, тие престануваат и да зборуваат меѓу себе.

– Никогаш не може да се каже дека добри пријатели се оние што се судат. Во овие три недели, колку што ќе трае процесот, меѓусебно ќе се навредуваме и ќе зборуваме што е можно најлошо едни за други – нагласи шефот на српската држава.

Тој додаде дека двете земји треба да направат напори и да разговараат за решавање на проблемите, како што се правото на хрватските Срби да зборуваат и учат на српски јазик, назначувањето на Срби во хрватските институции да биде пропорционално на бројот на српското малцинство и да прекинат заканите по безбедноста на Србите и говорот на омразата.

Николиќ истакна дека во хрватските учебници Србите се наречени „окупатори“ и „четници“, а Хрватска нема српски училишта, ниту програми на српски јазик во електронските медиуми. Проблеми има и при враќањето на конфискуваниот имот на Срби и со наследството од поранешна Југославија. Јосиповиќ, пак, од своја страна изјави дека Владата во Загреб сè уште нема донесено конечна одлука да не ја повлекува жалбата против Србија.

– Го прифаќам тоа што го кажа Николиќ за последиците од жалбата, но доколку тоа се случи ќе треба и покрај сè, да продолжиме да разговараме и да живееме со нив – нагласи хрватскиот претседател. Тој смета дека најголемиот проблем, кој Хрватска треба да го реши со Србија, е судбината на исчезнатите лица, како и утврдувањето на границата меѓу двете држави.

– Разговорите за границата треба да се активираат. Ако не најдеме решение, имавме веќе сличен пример со Словенија, и ќе знаеме што следува – додаде Јосиповиќ. Хрватскиот претседател се наоѓа во дводневна официјална посета на Србија.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ