Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Од:

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница констатира дека предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за вештачење и на Законот за парнична постапка и двата во прво читање, се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Заменик-министерот за правда Билјана Бришкоска-Бошковски образложи дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вештачење има за цел зголемување на квалитетот на дејноста вештачење.

– Се воведува нов концепт на полагање на стручниот испит за вештак, по електронски пат. Со тоа се обезбедува поголема транспарентност во спроведување на испитот, рече Бришкоска-Бошковски. Информира дека овој испит ќе се спроведува најмалку двапати годишно, а кандидатите ќе полагаат испит кој се состои од два дела, теоретски и практичен.

Пратеничката Ана Павловска-Данева од СДСМ рече дека се против носењето на измените на Законот за вештачење. Според неа, се фаворизира и се дава приоритет да настапува само еден орган, Бирото за вештачење наспроти останатите лиценцирани вештаци.

Пратеничката Весна Бендевска од СДСМ истакна дека се работи за класичен случај на дискриминација и оти затоа се против измените на Законот за вештачење.

Бришкоска-Бошковски информира дека донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за парничната постапка произлегува од потребата за натамошно унапредување на законските решенија со кои, како што рече, се уредува парничната постапка, а заради зајакнување на правата на странките и нивните законски застапници или полномошници, како и поттикнување и развој на медијацијата во Република Македонија.

– Предложените измени и дополнувања на Законот за парничната постапка се во правец на подобрување на бизнис климата во Република Македонија преку зајакнување на законските механизми за остварувањето и заштитата на правата во парничната постапка, рече Бришкоска-Бошковски.

Пратеничката Павловска-Данева потенцира дека ова е важен закон и оти СДСМ е против тоа во иднина да се менуваат одредбите од овој закон.

– Со измените на Законот за парнична постапка се прави обид да се премине преку два-три члена и да се воведе англосаксонски систем на дејствување во парничната постапка. Ако Министерството за правда утврдило дека овој систем е подобар, бараме да се смени целиот концепт, рече Павловска-Данева.

Таа смета дека парцијалното менување на овој закон е лош за судството и за граѓаните кои доаѓаат пред суд.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата