Еленор Кетон најмлада добитничка на Букеровата награда

Од:

Престижната книжевната награда за најдобар роман напишан на англиски јазик, Букер, за 2013. ја доби Еленор Кетон. Со 28 години, оваа авторка од Нов Зеланд е најмладата добитничка на Букер, а со 832-те страници нејзиниот роман The Luminaries е најдолгото наградено дело.

Писателката имала 25 години кога почнала да го пишува романот – мистериозна приказна сметстена во времето на златната треска во 19. век.

Земајќи ја наградата, Кетон изјавила дека The Luminaries била „кошмар“ за издавачите. Таа е така структуираа што секое следно поглавје е точно половина од должината на претходното.

Книгата излезе во септември годинава. Букеровата награда освен што е една од најпрестижните светски книѓевни награди, на добитникот му носи и 50 илјади фунти.

Од следната година освен автори од Комонвелтот и Ирска, за наградата ќе може да конкурираат и Американци. Основното правило, дека книгите мора да бидат објавени на англиски, и понатаму останува да важи.

 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска