ЕК: Србија до јануари да почне преговори со ЕУ

Од:

Србија годинава оствари историски напредок во евроатланските интеграции, но ја очекуваат сериозни предизвици во областа на економијата и владеењето на правото, се вели во годинешниот извештај за напредокот на Србија, кој е денеска официјално претставен во Брисел.

Во извештајот се наведува дека напредокот е остварен како резултат на напредокот во низа области со што „Србија започна нова фаза во односите со Унијата“.

Во односите со Косово е „остварен видлив и одржлив напредок“, како и тоа дека Бриселскиот договор дава „бројни неповратни ефекти на терен“, а посебно се истакнува дека Србија да продолжи да охрабрува што поголема излезност на локалните избори во Косово, кои се закажани за 3 Ноември. Истовремено, се вели дека многу значаен сегмент е тоа што Србија и Косово нема да го попречуваат меѓусебно патот кон ЕУ.

Во склад со остварениот напредок, Европската комисија смета дека Србија во доволна мерка ги има исполнето политичките услови и очекува Европскиот совет што побрзо да ја заврши подготовката на преговарачката платформа и да ја усвои, со што првата Меѓувладина конференција ќе започне најдоцна во јануари 2014-та година, во склад со јунските заклучоци на Советот.

„Во оваа нова фаза во односите со ЕУ, Србија ќе мора да ги интензивира напорите, за да може во потполност да ги исполни критериумите за членство“.

Како главни предизвици кои се исправаат пред Србија се владеењето на правото и реформата на судството, борба против корупцијата и организираниот криминал, реформа на јавната управа, независност на клучните институции, слобода на медиумите, сузивање на дискриминацијата и заштита на малцинствата.

Во извештајот се констатира и дека Србија во потполност соработува со Хашкиот трибунал за воени злострства.

Од аспект на заштитата на малцинството, Европската комисија смета дека постои законска рамка, но се уште не се применува на целата територија на Србија. Освен тоа, власта во Србија со забраната на “Парадата на гордоста“ излегле на површина недостигот на политичка поддршка за заштита на правата на ЛГБТ заедницата, со што Србија ја испуштила можноста да се покаже дека во Србија се почитуваат човековите права, истакнува Комисијата.

Европската комисија бара Србија да посвети поголемо внимание и на слободата на медиумите.

„Србија мора да почне со спроведѕвањето на медиумската стратегија, почнувајќи од усвојувањето на законите за јавно информирање и медиуми, јавните сервиси и електронски комуникации“, стои во забележката на Комисијата.

Кога станува збор за економијата, се констатира „извесен напредок“ во создавање функционално пазарно стопанство, но дека е неопходно да се направата значајни напори како на среден рок би се сочувала конкурентноста со пазарните сили во рамки на Европската унија.

Извесен наредок е воочен и на полето на фискалната консолидација и реформи на државните претпријатија. Од Србија понатаму ќе се бара да ги зголеми напорите за да ги усогласи законите со европските стандарди во низа области, од ревизорските служби за јавни набавки, па се до земјоделството и екологијата.

На самиот крај на Извештајот, стои критика во врска со одбивањето на официјален Белград да дозволи продолжување на увозот на цигари по поволни тарифи откако Хрватска стана членка на ЕУ.

„Ова е историска година на Србија кон патот за ЕУ“, се вели во заклучокот на извештајот на Европската комисија.

Петар Клинчарски

 

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ