Албанија има потреба за дополнителни напори за исполнување на политичките показатели за членство во Европската унија, се вели во годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата.
Албанија има добри успеси на патот кон членство со извршени неопходни промени. Државата покажува добри податоци за истрага и осуди на пројави на корупција и акции против организиран криминал се вели во документот.
Овогодинешните избори за парламентот биле во добро организирани и спроведени. Комисијата препорачува Албанија да добие статус на кандидат за членство во ЕУ со ветување за продолжување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.
За да почне преговори, Тирана треба да изврши приомени во областа на администрацијата, владеење на законите и почитување на основните права.
Политички дијалог е решавачки за успех на реформите се додава во документот. Како успех се набројани промени во судството и слободата на изразување. Се препорачува од страна на ЕК и подобрување на регионалната соработка. Комисијата дополнува дека државата треба да го подобри законодавството поврзано со правото на сопственост.