Предлог на Иран за дозвола за ненајавени инспекции во нуклеарни капацитети

Од:

Претставникот на Техеран во преговорите со шесте светски сили Абас Аракчи изјави денеска дека предлогот претставен во Женева дозволува ненајавени инспекции во ирански нуклеарни комплекси.

Одговајаќи на прашање дали во предлогот на Иран е вклучен и дополнителен протокол за Договор за неширење нуклеарно оружје, Аракчи одговори дека таков протокол не постои, јави Ирна.

САД, Русија, Кина, Франција, Британија и Германија од вчера во рамки на дводневен состанок во Женева се обидуваат да го убедат Иран да ја редуцира својата нуклеарна програма во замена за намалување на санкциите спрема таа држава. По првиот ден од состанокот, Иран соопшти дека се уште е рано да се каже дали е постигнат напредок кон решавање на веќе деценискиот спор.

 

 

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он