Австријците против прием на Турција и балкански држави во ЕУ

Од:

Австријците се уморни од ширење на Европската унија, а со тоа и прием на нови членки од Балканот, се вели во резултати од анкета на Австриското друштво за европска политика (OsGfE). Три четвртини испитаници сметаат дека ширењето на ЕУ е „малку“ или „целосно неважно“, објави виенски Курир пред денешното претставување на извештајот за напредокот на државите-кандидати за членство во ЕУ.

Австријците, според таа анкета, се против прием на Турција, БиХ, Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. За прием на Турција во ЕУ се изјасниле само 15 отсто Австријци, додека 72 отсто биле против. За Србија биле 24 отсто, а 62 – против. Дваесет и шест отсто Австријци се „за“ прием на БиХ во ЕУ и 52 отсто – против. Што се однесува за Црна Гора и Македонија, 52 отсто Австријци се против членство на тие држави во ЕУ, додека 61 отсто Австријци не ја сакаат Албанија во Унијата.

Поддршка за члество од Австријците добиле само Исланд за чиј прием се изјасниле 55 отсто анкетирани. Според генералниот секретар на OsGfE, Пол Шмит 86 отсто испитаници сметаат дека граѓаните на Австрија се повеќе за продлабочување на односите (86 отсто) за разлика од прием на нови членки.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп