Фестивалот „Ревија на малите книжевности“, што ќе се одржи утре и задутре во Загреб, годинава е посветен на современите македонски автори.
Оваа книжевна ревија се одржува по деветти пат и е конципирана како презентирање на десет афирмирани македонски автори, на кои во Хрватска се уште не им е објавена книга.
Изборот на авторите го направи проф. д-р Венко Андоновски, а на фестивалот ќе бидат претставеним Владимир Мартиновски, Калина Малеска, Јовица Тасевски-Етернијан, Снежана Младеновска Анѓелков, Звонко Танески, Жарко Кујунџиски, Румена Бужаровска, Игор Крајчев, Андреа Јанковски и Иван Антоновски.
На фестивалот ќе биде промовирана и публикација со избрани дела од македонските автори, преведени на хрватски јазик.