Четири лица загинаа откако тајфунот Випха ја зафати Јапонија. Затворени се училиштата, стотици летови се одложени, а илјадници лица се посоветувани да се евакуираат.
Престолнината Токио помина без поголеми штети. Три лица се најдени мртви на островот Изу Ошима, јужно од Токио, по надоаѓањето на реките, кои разурнаа неколку куќи.
Четвртата жртва е жена, која била однесена од надојдена река во западниот дел на Токио.
Випха е 26-от тајфун за оваа сезона во Азија. Таа се движи кон север-североисток со брзина од 30-35 километри на час. Тајфунот е придружен со ветрови со брзина од 180-200 километри на час.