Поезијата на Маџиров во колекција со песни на нобеловци

Од:

Поезијата на Никола Маџиров се најде во изборот меѓу песните на нобеловците Шејмас Хини, Томас Транстромер, Чеслав Милош, Бродски, Монтале и Дерек Волкот.

Една од најзначајните европски издавачки куќи „Ханзер Ферлаг“ со седиште во Минхен, објави ретка колекција на постери врз кои се испечатени стиховите на овие автори. Никола Маџиров е застапен со песните „Тишина“ и „Оној што пишува“.

Колекцијата од педесетина постери вклучува и по две песни од Борхес, Волт Витман, Тадеуш Ружевич, Чарлс Симик, Ларс Густафсон, Загајевски, Кригер, Оскар Пастиор, Вилијам Карлос Вилијамс… Колекцијата ќе биде дистрибуирана до сите значајни европски билиотеки и книжарници.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска