Секој трет Србин има оружје

Од:

Граѓаните на Србија поседуваат околу три милиони парчиња оружје што е на самиот врв на светската листа кога станува збор за вооруженост на населението, изјави денеска инспекторот во одделението за јавен ред и мир на Полициската управа во Белград Иван Цвијовиќ.

Според него, во просек од сто граѓани на Србија, 33 се вооружени со огнено оружје, а од Србите повооружени се само Американците и жителите на Јемен.

„Треба да се има предвид дека кога се во прашање статистичките податоци, дека постојат лица, страсни ловџии, кои имаат по неколку парчиња оружје во своја сопственост“, додаде Цвијовиќ.

Тој тврди дека е чест случај лицето да поседува легално по едно парче оружје, додека другите ги држи непријавено, како и оти вистинска опасност во Србија претставува оружјето кое не е регистрирано.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ