Најавената реконструкција на тенискиот комплекс Вимблдон во Лондон почна вчера. Според проектот, примарна цел на реконструкцијата ќе биде изградба на покривната конструкција на главниот терен.
Комплетната реконструкција на централниот терен се очекува да трае до 2019 година.
Со реконструкцијата и обновувањето на терените, предвидено е Вимблдон да добие сосема поинаков лик од досегашниот, што пак на гледачите и посетителите ќе им овозможи врвно уживање и комоција во следењето на натпреварите на неофицијалното Светско тениско првенство.