Стејт департмент: Состојбата на човековите права во Кина се влошува

Од:

Состојбата на човековите права во Кина и понатаму се влошува, соопшти Стејт департментот.

Заменик државниот секретар на САД Мајкл Познер, обраќајќи се по годишниот дијалог САД-Кина за човековите права, изјави дека САД сметаат дека Кина се движи во погрешен правец кога станува збор за човековите права.

„Нашата порака до кинеската Влада е дека остварила напредок на економско поле, но дека сега е момент да се отвори простор на луѓето да им се дозволи да се разликуваат“, истакна Познер.

Годишните дијалози САД-Кина за човекови права станаа пракса на дипломатскиот календар за средби меѓу двете земји, но досега немаат некакви конкретни резултати.

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел