Министерот Спиро Ристовски ги посети општините Виница и Карбинци

Од:

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска беше во работна посета на Виница и Карбинци и се сретна со градоначалниците на општините, Емил Дончев и Зоран Минов.

Во Виница Ристовски, заедно со градоначалникот Дончев, го посети Основното училиште „Гоце Делчев“ и првоодделенците од насоката основно музичко образование која првпат беше воведена годинава.

Министерот во ова училиште ги посети и учениците кои се вклучени во проектот „Биди модерен, селектирај паметно“, кој има цел да ја подигне еколошката свест на учениците од прво до четврто одделение. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование  и наука, чини еден милион денари, а предвидено е да трае една година.

При посетата на Виница, министерот го посети и средното училиште „Ванчо Прке“. Ристовски истакна дека продолжуваат инвестициите во образованието во источниот регион.

– Продолжуваме со реконструкција на покривни конструкции и санитарни јазли во повеќе училишта во источниот регион. Се продолжува со изградба на веќе започнатите спортски сали во рамки на училиштата, а ќе има и изградба на нови спортски сали, рече Ристовски.

Како што информира МОН, министерот на средбата со двајцата градоначалници разговараше и за условите во кои се одвива наставата во четирите основни и средното училиште во општина Виница и основното училиште кое се наоѓа на територијата на општина Карбинци, како и за можностите за подобрување на инфраструктурните услови.

Ристовски денеска се сретна и со наставниот кадар од училиштата од Виница и Карбинци со кој, исто така, разговараше за актуелните состојби во образованието.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ