(ВИДЕО) Георгиев: Притворот на Шиповиќ е освета за непокорот во Центар

Од:

Опозицијата денеска се појави пред Основниот суд Скопје 1 да покаже солидарност кон апсењето на Мирослав Шиповиќ. Според Гордан Георгиев од СДСМ, за македонската јавност и граѓаните на Центар кои 3 пати по ред недвосмислено ја покажале волјата на избори, апсењето претставува освета на власта за непокорот во Центар.

– Апсењето на Шиповиќ во Виена го гледаме како блокирање на Советот на општина Центар. Осветата на Груевски кон Шиповиќ и општина Центар е да се сокрие големиот патриотски грабеж со „Скопје 2014“. Ние нема тука да застанеме. Бараме и мислиме дека Шиповиќ има право да се брани од слобода, бидејќи сите аргументи и негови изјави кажуваат дека се враќа во Македонија и нема потреба да биде задржан во притвор – изјави Георгиев.


Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението за „Претседавач“

Ана Ололовска

Жерновски: Односите со Шиповиќ се нарушија по неговото гласање со ВМРО-ДПМНЕ за 10-катница на Водно

Наум Локоски

(ВИДЕО) Шиповиќ ја повлече поднесената оставка

Наум Локоски

Почина сведок за време на судењето за случајот „Претседавач“

Ана Ололовска

Жерновски: Не ти се лутам тебе, туку на оние кои ти го сторија тоа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шиповиќ остана сам со ВМРО-ДПМНЕ

Емир Латифовиќ