Собранието се подновува со мебел од половина милион евра

Од:

Не запираат дополнителните трошоци за реновирање на Собранието. Нови 500.000 илјади евра ќе се одвојат од буџетската каса за купување мебел и безбедносни скенери во Собранието на Македонија. Собранието склучило два договори пред половина месец за купување мебел и останата опрема за новоизградените и реконструираните простории во зградата.

Според информациите на Бирото за јавни набавки, договорот вреден пола милион евра, склучен со Друштвото за градежништво БЕТОН, се однесува на снабдување со мебел за уредување на ентериерот во Собранието. Другиот договор, пак, кој чини 50 илјади евра е склучен со Друштвото за производство, трговија и услуги СЕКТРОН ДОО – Скопје, а се однесува за набавка на нови безбедносни скенери.

Времетраењето и на двата договори е во рок од една година.

Пред само два месеци, градежната фирма „Бетон“ доби 800.000 илјади евра за доградба, адаптација и зајакнување на овој објект.

Првичната проценка за тоа колку ќе чини внатрешната и надворешната реконструкција на Собранието изнесуваше 12,8 милиони евра. Но, од 2010-та година, покрај основниот договор се потишани уште многубројни анекс договори за изградба на Собранието, а се водат како непланирани трошоци.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба