Нов круг преговори во Женева меѓу Иран и „шесторката“ за нуклеарната програма на Техеран

Од:

Нов круг од преговорите меѓу Иран и шесторката меѓународни посредници за прашањето за иранската нуклеарна програма почна денеска во Женева.

На средбата учествуваат високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, министерот за надворешни работи на Иран Џавад Зариф и заменици министри за надворешни работи од шесторката.

Делегацијата од САД ја предводи заменикот државен секретар за политички прашања Венди Шарман.

Пред почетокот на преговорите со Иран шесторката имаше координациска средба во еден од хотелите во Женева. Претходниот круг од преговорите за иранското нуклеарно досие се одржа во април во Аламати. Сегашниот круг е прв откако на власт во Иран е умерениот претседател Хасан Рохани.

 

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он