На плажата Санта Понсо на Мајорка вчера е одбележан Денот на донење деца, кој го организира тамошното Здружение на мајки доилки.
Многу минувачи неверувајќи ги гледаа мајките кои ги дојат своите деца, но од Здружението велат дека тука нема ништо чудно и додаваат дека тоа е единствен начин за здрава исхрана на децата.
Ова е само еден од начините како да се зголеми свеста за доњето кај жените, особено кај идните млади мајки.
Ова Здружение веќе неколку години добива поддршка од државните институции и УНИЦЕФ. За наредниот период најавија уште неколку проекти во кои се надеваат дека ќе се вклучат многу жени кои досега се двоумеле.