Најмалку 12 лица загинаа во бомбашки напад во џамија во Ирак

Од:

Во експлозија на бомба, поставена во близина на една сунитска џамија во северниот дел на Ирак загинаа 12 верници, а 24 се повредени по утринската молитва на големиот муслимански празник Курбан Бајрам, соопшти полицијата.

Експлозијата во богатиот со нафта град Киркук се случила додека верниците излегувале од џамијата ал-Кодус по молитвата на почетокот на денешниот празник.

Над 5.000 луѓе се убиени во Ирак откако припадниците на Ал Каеда и други екстремистички групи ги зајакнаа нападите по крвавото задушување на протестите во еден сунитски камп во април.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак