Мирослав Шиповиќ е уапсен при самото слетување на Виенскиот аеродром.
Шиповиќ за А1он ја потврди оваа информација. За него имало распишано меѓународна потерница и сега се наоѓа, како што рече, во судски затвор. Според него тука ќе го држат 2-3 дена па ќе биде донесен во Македонија.
„Се плашат од протести во Македонија против моето апсење кое е политички монтиран случај“, изјави Шиповиќ за А1он.
Шиповиќ вели дека е невин и ова се прави со намера да се скријат криминалите со „Скопје 2014“ и за да може власта да го напрваи последниот удар за да го добие Центар.