Рецитал на Верица Шотарова и Сара Османи

Од:

Пијанистката Верица Шотаровска и флејтистката Сара Османи вечер ќе одржат рецитал во Културно-Информативниот Центар во Скопје.

На програмата ќе бидат изведени дела од Бах, Хју, Перлу и Женин, а рециталот е дел од циклусот „Доаѓаме…“ .

Шотаровска е магистер на ФМУ во Скопје во класата на проф. Јасминка Чакар. Добитник на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари за пијано соработник во Македонија и надвор. Учесник на стручни семинари раководени од еминентни професори. Досега реализирала повеќе солистички настапи во Македонија.

Османи е студент по флејта во последна година на Факултетот за музичка уметност при Државниот Тетовски Универзитет во класата на проф. Јета Старова Мехмети. Учесник на стручни семинари и мастер класи за флејта и за камерна музика раководени од признати и познати професори. Реализира повеќе настапи како солсит и камерен музичар.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска