Трилогијата „Педесет нијанси“ на Е.Л. Џејмс се наоѓа на врвот на листата бестселери на сите времиња на британскиот огранок на сајтот Амазон.
На листата, на која се наоѓаат различни жанрови на прво место се „Педесет нијанси – сива“, а по неа се нејзините продолженија „Педесет нијанси – потемно“ и „Педесет нијанси – ослободени“.
По оваа еротска трилогија се наоѓа трилогијата „Милениум“ на Стиг Ласон, односно на четвртото место е романот „Мажите кои ги мразат жените“, а потоа се „Девојчето кое си играше со оган“ и „Кула од карти“.
И покрај тоа што се наоѓа на 10. место на листата на Амазон книгата „Хари Потер и реликвиите на смртта“ е најбрзо продавана книга на сите ограноци на Интернет страницата.