Нетанјаху: Намалувањето на притисокот врз Иран би било историска грешка

Од:

Намалувањето на притисокот врз Иран, кој се врши поради развојот на неговата нуклеарна програма во оваа фаза би претставувало историска грешка, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Би било историска грешка да се ублажи притисокот врз Иран во момент пред санкциите да ја постигнат својата цел, рече Нетанјаху на отварањето на зимската сесија на израелскиот Парламент – Кнесетот.

Тој ова го изјави во пресрет на најавата за утрешното обновување на преговорите на светските сили и Иран за контроверзната нуклеарна програма, за која Израел и поголемиот дел од Западот веруваат дека целта е производство на нуклеарна бомба.

– Посебно во овој момент не смееме да се откажеме од тоа, мораме да го задржиме притисокот, рече израелскиот премиер, додавајќи дека каков било потег на попуштање само ќе ги зајакне бескомпромисните елементи, а врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи ќе се смета за победник.

Дводневниот состанок, кој почнува утре во Женева, ќе биде првиот, откако иранскиот претседател Хасан Рохани, кој се смета за умерен лидер, ја презеде функцијата во август.

Би можело да ве интересира

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот