Во случај Републиканците и Демократите да не постигнат договор за зголемување на лимитот за задолжување на САД тоа би можеле да предизвика големо нарушување во целиот свет, изјави шефицата на ММФ Кристин Лагард.
Таа истакна дека должничката криза во САД би можела да го турне целиот свет во рецесија.
Таа наведе дека последниот рок за постигнување договор меѓу Републиканците и Демократите е четврток.
Слично предупредупредување упати и претседателот на Светска банка Џим Јонг Ким, кој оцени дека поради зголемувањето на каматните стапки прво ќе падне економијата во земјите во развој, а потоа кризата како бумеранг ќе им се врати на развиените земји.