Ештон и Тачи за продолжувањето на дијалогот Белград – Приштина

Од:

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Кетрин Ештон разговараше денеска во Брисел со косовскиот премиер Хашим Тачи за напредокот на Косово кон Европската унија и неопходноста од продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, се наведува во соопштението од нејзиниот кабинет.

„Високата претставничка нагласи дека е важно обете страни во целост да ги спроведуваат сите договори постигнати во дијалогот. Таа истакна и дека штом биде формирана новата влада во Белград, разговорите треба веднаш да продолжат, се наведува во соопштението.

Ештон со тачи се сретна во размки на нивните редовни средби за информирање за напредокот на Косово и неговата европска агенда. На средбата соговорниците заклучиле дека Косово „во текот на изминатата година направил значаен напред“ и оти заедно ќе продолжат да работат на унапредување на косовската перспектива кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина