Хорас Грент: Џордан денес би постигнувал по 45 поени по натпревар

Од:

Центарот од ерата на Мајкл Џордан во Чикаго Булс, Хорас Грент изјави дека Џордан во денешната НБА лига би можел во просек да постигнува 45 поени по натпревар.

Тој исто така изјави дека не се сложува со Скоти Пипен кој изјави дека Леброн Џејмс би можел да биде најдобар во историјата.

На прашањето дали сегашниот тим на Мајами би можел рамноправно да игра против тимот на Чикаго во кој тој играше, Грант се насмеа и одговори:

“Би ги исплашиле. Не, сериозно, не можете споредите две генерации од различни времиња. Правилата многу се променија во однос на времето кога игравме ние. Во наше време играта беше по силна во физичка смисла, имаше повеќе контакти. Во денешно време можете да трчате по паркетот без контакти. Мислам дека Џордан и денеска би постигнувал просечно по 45 поени.”- изјави Грант.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ