Германката Анжелика Кербер триумфираше на турнирот во Линц. Таа во финалето ја совлада српската тенисерка Ана Ивановиќ со 2:0 во сетови (6:4 и 7:6 во гемови).
За Кербер ова е прв трофеј по пауза од речиси две години, а Ивановиќ не успеа да стигне до третата победа на турнирот во Линц. Германката со овој триумф намали на 3:2 во дуелите со Ивановиќ.
На турнирот во Осака победи Саманта Стосур од Австралија. Во финалето таа ја совлада Еуген Бушар од Канада со 2:1 во сетови (3:6; 7:5 и 6:2 во гемови). За Стосур ова е втора титула во 2013 година, а вкупно петта во кариерата. Турнирската победа на Стосур ќе и донесе и 235.000 американски долари.