Авион на египетската армија денеска се урна за време на тренажниот лет во близина на туристичкиот град Луксор, јужен Египет.
Пилотот на воениот авион МиГ-21 успеа да се катапултира и со падобран безбедно се спушти на земја, пред авионот да падне во руралниот дел на Луксор при што запали неколку куќи. Од локалните жители никој не е повреден.
Портпаролот на египетската армија, полковник Ахмед Мохамед Али на својот Фејсбук профил напиша дека авионот се урнал поради механичко оштетување.