Иран нема да ги изнесува од земјата своите резерви на збогатен ураниум, изјави денеска еден од главните ирански преговарачи пред клучните разговори на Техеран и светските сили за иранската нуклеарна програма.
– Ќе преговараме за количината, нивоата и методите за збогатување, но изнесување на материјали од земјата е црвена линија за Иран, изјави иранскиот заменик-министерот за надворешни работи Абас Аракчи. Преговорите, што треба да се одржат во вторник и в среда во Женева ќе учествуваат претставници на Иран, на САД, на Велика Британија, на Кина, на Франција, на Германија и на Русија.
Тоа ќе бидат први разговори од таков вид откако во август претседателската функција ја презеде умерениот Хасан Рухани, кој вети конструктивно ангажирање за решавање на контроверзната иранска нуклеарна програма.
Западот и Израел стравуваат дека Техеран се обидува да произведе атомска бомба, додека Иран тврди дека нуклеарната програма е наменета исклучиво за цивилни цели.
Иранската делегација ќе ја предводи шефот на дипоматијата Џавад Зариф, а американската државниот потсекретар Венди Шерман.