Илјадници луѓе демонстрираа во Барселона, изразувајќи го правото да бидат Шпанци, а истовремено и Католици и да им покажат на сепаратистите дека се против издвојување од Шпанија.
Демонстрантите извикуваа „Ние сме Католици, ние сме Шпанци“ и носеа натпис на кој пишуваше „Ние сме 47 милиони“, мислејќи на популацијата на Шпанија, пренесе „Асошиејтед прес“.
На дел од едно знаме се наоѓаат бои од каталонскиот регион, а на втората половина бои на шпанското знаме.
Претседателот на Каталонија, Артур Мас претходно изјави дека сака да се одржи референдум за независност на тој регион.
Елена Георгиевска