Ако Курдската работничка партија (ПКК) продолжи да не се придржува до ветувањето за повлекување од територијата на Турција, Анкара ќе ја обнови ефикасната борба против тероризмот, изјави денеска турскиот вицепремиер Булент Аранч.
Аранч тврди дека ПКК не ги исполнува наредбите на лидерот Абдула Оџалан за повлекување од територијата на Турција.
Во меѓувреме, турските медиуми објавија дека пет турски авиони Ф-16 во текот на неделата имале разузнавачки летови над камповите на ПКК на планината Кандил, во реоните Зап и Метина (Северен Ирак) при што е добиена информација дека бунтовниците се подготвуваат да преминат на турска територија.