Завршува гроздоберот во Тиквешијата

Од:

Привршува  годинешната берба на грозје, останува за берење уште грозјето во повисоките делови на Тиквешијата како најголем лозаровинарски регион во Македонија, информираше денеска претседателот на регионалниот Сојуз на лозари, „Агротиквешија“ од Кавадарци, Љупчо Аризанов.

 – Во 99 проценти гроздоберот е завршен. Во ниските делови скоро и да нема грозје за берење, или има многу малку.  Во повисоките места грозјето подоцна стасува за берба и поради фактот што таму тоа подоцна созрева и подоцна ја достигнува потребната шеќерност, рече Аризанов.

Тој, годинешната гроздоберска сезона  ја оцени како добра.

– Некои посени проблеми нема, договорените цени во главно се почитуваат. Конкуренцијата си го направи своето па грозјето беше барано, иако вистинските ефекти од изградбата на три нови винарии во Тиквешијата и  зголемување на конкуренцијата ќе бидат уште повидливи догодина, нагласи Аризанов.

Би можело да ве интересира

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

Ниските температури не предизвикаа штети во земјоделството, може да почне резидбата на виновата лоза

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени