САД продолжува со прислушкување

Од:

Директорот на американската Националната разузнавачка служба, Џејмс Клапер го продолжи овластувањето на владините агенции за спроведување на програмата за прислушкување.

Клапер реши да ја тргне ознаката за доверловост и јавно да обелодени дека владата во Вашингтон до американскиот Суд за работата на разузнавачките служби поднела барање за продолжување на овластувањето за собирање на податоци, од оние кои што располагаат со важни информации.

Судот го обново истото овластување, се наведува во соопштението, пренесе „Франс прес“.

По обелоденување на информациите за надзор на телефонските и интернет комуникации, од страна на поранешниот службеник на Агенцијата за националн абезбедност НСА, Едвард Сноуден, американскиот претседател Барак Обама, вети дека ќе ги провери американските разузнавачки програми.

Според него американските разузнавачки служби ќе влезат во нова ера со поголема транспарентност, надзор и заштитни мерки во прибирање електронски информации од страна на НСА.

Меѓутоа администрацијата во Вашингтон го задржа цврстиот став по повод обелоденувањето на таквите информации и побара Сноуден кривично да одговара.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија