Дипломатски скандал на Москва и Хаг

Од:

Холандската полиција неодамна го приведе советникот на руската амбасада во Хаг, Димитриј Бородин, поради сомнеж дека во алкохолизирана состојба ги малтретирал своите деца.

Тоа предизвика дипломатски скандал помеѓу двете држави и предизвика кршење на Бечката конвенција, според која се гарантира дипломатски имунитет.

Според руските медиуми на скандалот поради кој реагираше и рускиот претседател Владимир Путин, барајќи од Холандија извинување, му претходел речиси безначаен сообраќаен инцидент.

Имено една русинка со својот автомобил оштетила четири паркирани возила, одбила медицинска помош, а поради сомнеж дека била под дејство на алкохол и била направена анализа на крвта но кратко време била задржана и во полициската станица.

Кога полицијата дошла на нејзината домашна адреса, вратата им ја отворил нејзиниот сопруг Бородин, за кого вработените во Министерството за внатрешни работи , се посомневале дека е пијан, па одлучиле да го приведат, бидејќи оцениле дека на тој начин неговите деца ќе бидат побезбедни.

И покрај тоа што тој се повикал на дипломатскиот имунитет, сепак ноќта помеѓу 5-ти и 6-ти октомври ја поминал во полициската станица, а потоа изјавил дека така не се постапувало ниту за време на Студената војна.

Официјална Москва веднаш реагирала и побарала извинување од Холандија, чие што Министерство признало дека полицијата направила грешка.

-Се надевам дека холандскиот печат ќе престане да го бламира моето семејство, рече Бородин, додавајќи дека тековната година е прогласена за „година на пријателство“ помеѓу Холандија и Русија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот