30-дневен притвор за претседателот на управниот одбор на Машинопромет и претседавач со советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, кој се уште е недостапен за судот, како и за уште 7 други лица приведени во акцијата „Претседавач”.
Мерка одземање на патна исправа и редовно јавување во судот е определена за четири други лица, меѓу кои се членовите на управниот одбор на Машинопромет, еден претставник на надзорниот одбор на акционерското друштво и една вработена во УЈП.
Според сомневањата на МВР, тие ја оштетиле компанијата за над 1 милион евра, а буџетот на државата за приближно 250.000 евра.