Марк Рид, најпознатиот и најживописниот лик на австралиското криминално подземје, починал во средата во 58-та година од животот од рак на црниот дроб, пренесе Макфакс.
Марк Брендон „Секачот” Рид вкупно минал 23 години во затворот за подолгата листа негови криминални потфати, во кои се вбројуваат грабнувања напади и вооружени грабежи. Од затвор е пуштен во 1998 година и оттогаш започна многу успешна писателска и медиумска кариера, во текот на која објави десетина криминалистички романи.
Меѓународната слава ја стекна во 2000 година кога во филмот „Chooper” неговиот лик го толкуваше славниот австралиски актер Ерик Бана. Прекарот „Секач” го добил откако од еден затвореник побарал да му ги отсече ушите. Подоцна кажа дека со тоа сакал да добие преместување во помалку чуван затвор, а друг пат дека тоа морал да го стори поради загубениот облог. Во текот на криминалната кариера бил познат и како изнудувач и злоставувач на другите крадци на коишто им го одземал пленот, а крадел и дрога од дилери.
Никогаш не е осуден за убиство, иако тврдеше дека убил 19 луѓе. Познавачите н состојбите во австралиското подземје, велат дека претерувал во описите на своите злосторства за да добие на популарност и подобро да ги продава своите книги. Тврдел дека преживеал смртоносни рани од студени и од огнено оружје, обид да биде прегазен со автомобил и претепување со чекан по главата, пишува меѓу другото Associated Press.
Поранешниот затворски свештеник Питер Борден за австралиското радио изјави дека Рид повеќе бил неуспешен крадец. „Фатен е за повеќето работи коишто ги сторил”, пренесува BBC.
По излегувањето од затворот се претворил поборник на борбата против возење во алкохолизирана состојба и насилството над жените.„Знам дека повеќето од вас ме мразат, но доколку возите пијани исто ѓубре сте како и јас”, велел во една од кампањите против алкохолизмот.